Фросина Ременски: Силјан Мицевски и Адријан Амзоски беа поддржувачи на СДСМ, затоа со нив сум имала средби

5,165

Бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски, за кои во обвинението за случајот „Меѓународен сојуз“ се тврди дека биле рекетирани од страна на невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, биле поддржувачи на СДСМ, твфрди обвинетата Фросина Ременски.

– Двајцата се поддржувачи на мојата политичка партија од која што сум дел, и средбите со нив биле на друго ниво, а не во врска со оваа организација – вели Ременски, пренесува ТВ21.






Второобвинетата Ременски рече дека ќе докаже невиност во овој случај и побара обвинителката Вилма Рускоска да биде изземена од случајот.

– Обвинителката буквално ме прозва во една реченица, дека со својот углед и авторитет сум го поддржал Јовановски за проектот. Очекував многу повеќе од описот на наводно помагање, тоа го нема. Ќе имаме шанса и прилика да покажеме дека сето тоа што беше наведено во таа една реченица како обвинување, е комплетно неосновано и неможно да се докаже, имајќи во предвид дека ниту едно дејствие кое сум го имала, не е кривичнo делo – изјави Фросина Ременски.

Поврзани содржини