Фросина Ременски: Реториката околу победата над пандемијата ги собра стружани   

992
Најдете еден министер за внатрешни работи што растурил или може да растури литија или верски обред во вонредна состојба. Ниту имало, ниту ќе има!

Да не беше полицискиот час за велигденските празници сликата ќе беше слична или иста.






Собирањето на стружани е одраз на топло-ладно реториката околу победата над пандемијата. Ако важи онаа народната дека, стравот лозјето го чува, тогаш за да нема вакви собирања треба друг пристап.

Личната одговорност на граѓаните падна на тестот на превенцијата во Струга, но исто така факт е дека загрозување на здравјето може да има и без вонредна состојба и без литии.

Можеби статусот не е во рамка на ФБ атмосферата за „вечерното просветление за денска Струга“, но малку реалност не е на одмет. Ако на реалноста се додаде дека, практикувањето на верата е едно од правата кое не може да се ограничи во вонредна состојба (а можеше во полициски час), тогаш пак останува да зборуваме за личната свест и одговорност на поединецот.

Кој ќе го свика Собранието за да му ја констатира оставката на Чулев?

(ФБ статус на Фросина Ременски)

Поврзани содржини