ФРЛИЛЕ РАЧНА БОМБА ВО ЛЕТНАТА БАВЧА Две лица вандализирале угостителски објект во Прилеп

Бомбата била безбедно подигната од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР, соопшти полицијата.

218

Две лица со тврд предмет го скршиле стаклото на угостителски објект во Прилеп  по што фрлиле рачна бомба која не експлодирала, информираше Министерството за внатрешни работи. Бомбата била безбедно подигната од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР

„На 12.05.2025 во 08.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека околу 03.00 часот, две лица со тврд предмет го скршиле стаклото од предната врата на летната бавча на угостителски објект на улица Александар Македонски во Прилеп, сопственост на Б.С.(53) од Прилеп, по што во објектот фрлиле рачна бомба, која не експлодирала“, се вели во полицискиот билтен.






Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Поврзани содржини