ФРЛЕНА БОМБА ВРЗ ВИЛАТА НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ Славниот пејач бил дома за време на експлозијата
Соседите велат дека експлозијата била толку силна што се активирале алармните системи на возилата преку улицата.
Непознато лице синоќа фрлило експлозивна направа врз вилата на познатиот пејач Здравко Чолиќ, во елитната белградска населба Дедиње.
Според српските медиуми, Здравко, неговата сопруга Сандра и ќерката Лара биле во куќата во моментот на детонацијата.
Првичните информации укажуваа на помала штета, но, како што известуваат српските медиуми, најновите податоци од истрагата откриваат дека ситуацијата е посериозна. Покрај штетите на фасадата и на масивната ограда, шрапнели се забиени и во паркираните возила, чии стакла се искршени.
Соседите велат дека експлозијата била толку силна што се активирале алармните системи на возилата преку улицата.
Увидот на лице место сè уште е во тек, а го води обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Полицијата го блокира пристапот до улицата, а форензичките експерти се обидуваат да изолираат траги од ДНК од остатоците од експлозивната направа.