ФРЛАЛЕ СО СТОЛИЦИ ПО РАКОВОДСТВОТО НА УНИОН БЕРЛИН Повредени се двајца од германскиот фудбалски клуб

За среќа немаше потешко повредени. Не помислувате дека вакво нешто би можело да се случи. Во групата имаше и многу жени, но и повозрасни лица-  изјави портпаролот на Унион, Кристијан Арбајт.

545

Претседателот на Унион Берлин е еден од нападнатите членови на раководството на германскиот фудбалски клуб пред вечерашниот дуел во Холандија против Феенорд во рамки на Лигата на конференции.

Полицијата во Ротердам соопшти денеска дека е уапсен 25-годишен маж, откако група луѓе предизвикале инцидент во кафе бар во градот, фрлајќи столчиња и други предмети, при што се повредени претседателот на Унион, Дирк Цинглер и еден член на управниот одбор на клубот.






– За среќа немаше потешко повредени. Не помислувате дека вакво нешто би можело да се случи. Во групата имаше и многу жени, но и повозрасни лица-  изјави портпаролот на Унион, Кристијан Арбајт.

Феенорд го осуди нападот и му извини на раководството на германскиот клуб.

Поврзани содржини