Фризерница, тренирање хрватско магаре, обука за гостопримство во Кипар – еве за што се арчат европски пари!
Димова, пак, наместо да објасни што се случува, изјави дека ќе го ангажира адвокатот Александар Тортевски кој откри дел од проектите кои добиле големи суми од Националната агенција да јазастапува Агенцијата доколку некој ја тужи.
По скандалот со 270 илјади евра дадени на фризерница за спроведување проект со пари од европската унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на социјалните мрежи се појавија и други мошне интересни проекти кои добиле пари.
Адвокатот Александар Тортевски на Твитер објави дел од проектите како: „тренирање хрватско магаре и хрватски лепицанер“ за кој училиште во земјава добило 83.000 евра и уште еден за „гостопримството на Кипар“ за кој исто така училиште добило 54.000 евра.
И тоа не е се’!!!! За износ од само 54.000 евра, извршена е обука за гостопримството на Кипар. pic.twitter.com/OQz2M5yAD3
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) October 11, 2020
Да ви го разубавам денот. За тренирање на хрватско магаре, доделени 83.000 евра. pic.twitter.com/bm6W2MrpwS
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) October 11, 2020
Освен Тортески на социјалните мрежи веќе втор ден се коментираат проектите кои добиле европски пари за обука.
Во изјавата за „А1он“ премиерот Зоран Заев бара од директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова на прес-конференција да ги објави сите детали окиолу доделувањето на овие големи средства.
– Јас нема да дозволам никаков сомнеж ниту евентуални злоупотреби. Затоа ја повикувам директорката на Агенцијата, Лидија Димова, веднаш да излезе и на прес-конференција да ги презентира целосно транспарентно сите детали во врска со начинот на распределба на средства од европските фондови наменети за образование и млади. Димова целосно и прецизно треба да ги адресира прашањата на кои реагира јавноста и за кои се јавува сомнежот – изјави Заев.
Тој, исто така, ги повика надлежните институции да ја проверат работата на Националната агенција.
Се јави и Димова која изјави:
„Тортевски е адвокат и нема поим што е Еразмус повелба. Ако некогаш некој ја тужи Националната агенција сакам Тортевски да ги застапува.Инаку за информација на јавноста, училиштата со Повелба добиваат пари по дифолт пари од Еразмус“.
Во меѓувреме, со реакција се јави и „СОЗШУ „Ѓорче Петров“ кое тврди дека Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, во рамки на Еразмус+ програмата, го одобри за финансирање проектот на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ кој вклучува практична обука на 35 ученици и 5 наставници, во времетраење од две недели во Иваниќ град, Република Хрватска.
– Целтта на овој проект е учениците да се стекнат со вештини (вклучително и претприемачки вештини), со кои ќе бидат подобро подготвени за професионалниот свет и со тоа ќе се подобри нивната вработливост по завршување на средното образование. Проектот, меѓу останатото, е дизајниран и да ги воведе и мотивира учениците да започнат сопствен бизнис – велат од училиштето..