ФРИЗЕРКА СПОДЕЛИ БИЗАРНО ВИДЕО СО ВОШКИ Тие лазат по лицето и вратот на девојчето (ВИДЕО)

Кога пристигнало девојчето, Марун била шокирана од сериозноста на овој случај и ја покажала косата на тинејџерката во која имало стотици гниди (јајца од вошки), како и вошки кои лазат по нејзината глава.

1,893

Една фризерка од Сиднеј, кој има лиценца за отстранување вошки, сподели застрашувачко видео од тинејџерка чија коса е полна со вошки.

Како што може да се види на видеото, бубачки лазат низ нејзините долги прамени, на лицето и на вратот, пренесува Daily Mail.






Рејчел Марун (21), која живее во Сиднеј, работи како техничар за вошки. Неа ја посетило 13-годишно девојче со долга кафена коса, а кое долго време се бори со милиони паразити во косата.

Кога пристигнало девојчето, Марун била шокирана од сериозноста на овој случај и ја покажала косата на тинејџерката во која имало стотици гниди (јајца од вошки), како и вошки кои лазат по нејзината глава.

Во видеото, кое го сподели со своите 1,7 милиони следбеници на TikTok, фризерката ја сними косата на клиентката и се прашува дали ќе мора да ја скрати или избричи девојката.

– Кога вака ќе ми дојде клиент, си мислам какво проклетство е ова – напиша таа во објавата.

Овозможувајќи им на гледачите да ги погледнат гнидите и вошките, кои може да се видат како лазат една до друга, Марун додала дека понекогаш ги бричат ​​главите, но дека овој пат не сакала да го направи тоа бидејќи 13-годишното девојче има долга коса.

Објавата која оттогаш собра 74 милиони прегледи, ги шокираше гледачите, а коментарите беа зачудувачки.

– Мислам дека на нејзината глава имаше повеќе вошки отколку прамени коса – изјави фризерката која се занимава со истребување на вошки.

Таа призна дека ситуацијата била премногу тешка, но гледањето јасни резултати на крајот е она што ја прави нејзината работа исплатлива.

По третманот, Марун изјавила дека младата девојка не можела да престане да се смее и да ја допира нејзината коса, а тоа го опишала како „неописливо олеснување“.

– Можноста да ѝ се види скалпот беше пресвртна точка, но фактот што нејзината долга коса беше целосно чиста е она што го направи целиот процес највреден – рече таа.

Поврзани содржини