Фридом хаус: Властите ја користат пандемијата како изговор за да следат сѐ преку интернет

Според извештајот, властите во десетици земји ја користеле пандемијата на ковид-19 „за да ги оправдаат проширените овластувања за надзор и ширење нови технологии кои претходно се сметале за инвазивни“.

911

Владите ширум светот ја користат пандемијата како изговор за да го засилат надзорот и подобро да ги сузбијат гласовите на несогласувања преку интернет, се вели во извештај на организацијата за заштита на човекови права Фридом хаус.

Според извештајот, властите во десетици земји ја користеле пандемијата на ковид-19 „за да ги оправдаат проширените овластувања за надзор и ширење нови технологии кои претходно се сметале за инвазивни“.






– Пандемијата ја забрза зависноста на општеството од дигиталната технологија во време кога интернетот станува сè помалку слободен. Без соодветна заштита на приватноста и владеењето на правото, овие технологии лесно можат да се претворат во алатки за политичка репресија – изјави Мајкл Абрамовиќ, претседател на организацијата чие седиште е во Вашингтон.

Фридом хаус констатира пад на слободата на интернет веќе десетта година по ред врз основа на неговиот индикатор, кој опфаќа 65 земји. Шеста година по ред, Кина е на последното место.

Од приближно 3,8 милијарди корисници на интернет, само 20 проценти живеат во земји каде што активностите на интернет се слободни, 32 проценти во земји каде што се „делумно“ слободни и 35 проценти во земји каде што не се слободни, покажуваат индикаторите на организацијата.

Во извештајот се констатира забележителен пад во земјите каде властите воведоа прекин на Интернет како Мјанмар, Киргистан, Индија или Руанда.

Поврзани содржини
na