Фрчковиот курч

Да сме ние нормална, цивилизирана држава, а амбасадорот Љубомир Фрчкоски да е совесен дипломат, неговиот скандал со злоупотребата на службена картичка за приватни цели, би завршил со негово јавно извинување за сторениот етички прекршок. Во таков случај, јавноста веројатно би покажала разбирање за фактот дека тој службената картичка можеби ја искористил за приватни цели во случај на крајна нужда. Но, Фрчкоски е сè, само не одговорен човек.

7,310

Во октомври 1995 година, шведскиот весник „Експресен“ објави дека Мона Салин, во тоа време заменик-премиерка и главна кандидатка за наследничка на Ингвар Карлсон на премиерската функција, во периодот од 1990 до 1991 година, како министерка за труд во Риксдагот, со нејзината службена кредитна картичка платила 53.174 шведски круни за приватни трошоци.

Социјалистката Салин јавно ќе признае дека користела владина службена картичка за да купи банални артикли, меѓу кои и чоколади „Тоблероне“ (од таму и името на овој скандал). Освен тоа, Салин ќе признае дека не платила на време 19 билети за паркирање и неколку сметки за дневен престој на нејзините деца.






„Тоблероне скандалот“ ќе заврши со нејзино јавно извинување, објавено во еден весник во Стокхолм.

Прелиминарната истрага, покрената од главниот обвинител, ќе биде затворена во 1996 година, со недвосмислена оценка дека министерката на крајот ги платила сите сметки и дека буџетот сепак не бил оштетен.

Но, „Тоблероне скандалот“ сепак ќе ја оконча исклучително успешната кариера на Мона Салин. Трошењето државни пари за приватни цели, макар и привремено, во цивилизирани држави како Шведска, се смета за акт на корупција и неодговорно располагање со народните пари.

Да сме ние нормална, цивилизирана држава, а амбасадоротЉубомир Фрчкоски да е совесен и одговорен дипломат и човек, неговиот скандал со злоупотребата на службена картичка за приватни цели, би завршил со негово јавно извинување за сторениот етички прекршок. Во таков случај, јавноста веројатно би покажала разбирање за фактот дека Фрчкоски службената картичка можеби ја искористил за приватни цели во случај на крајна нужда. Сите ние би изразиле и жалење за ситуацијата во која се нашол Фрчкоски, како и сочувство за тажниот случај во неговото семејство.

И би рекле – колај работа, државата нема да пропадне за еден авионски билет…

Но, не!

Фрчкоски не ни дозволува да формираме еден таков дискурс.

Фрчкоски не е таков човек и не дозволува неговиот „Тоблероне скандал“ да се „растопи“ во една пристојна кашеста завршница, во која ќе се спојат неговото разбирање на прекршокот и чувството на одговорност со нашата емпатија кон него.

Фрчкоски уште еднаш покажува дека е неодговорен, арогантен, дрзок и безобразен. Тој ја злоупотребува и Мисијата во ООН, за да го оправда недоговорното располагање со државните фондови и за да го нападне својот „работодавец“, Министерството за надворешни работи.

Патем речено, постојат основани сомнежи дека злоупотребата на службената картичка не е единствениот случај на злоупотреба на јавните фондови од страна на амбасадорот Фрчкоски. Тие сомнежи треба сериозно да се истражат.

Тажно е тоа што амбасадоровата реакција почнува и завршува со типичниот Фрчков стил. Со курч. Амбасадорот немал проблем да се повлече, ако не бил подобен од идеолошки причини. Бре!

Ако е така, нека се повлече веднаш!

Што чека?!

Мислам дека е фер и човечки МНР да му дозволи, дури и да му помогне на Фрчкоски да го заврши неговиот еготрип со демисија. Или со смена, ако веќе самиот не покаже доблест да го оправда курчот.

Спомнатата Салин остана запаметена во политичката историја на Шведска како позитивен лик, како жена којашто поради сплет на несреќни околности и поради малку лекомисленост, не ги доживеа ѕвездените мигови во својата кариера.

По што ќе остане запаметен Фрчкоски во македонската историја?

Поврзани содржини