„ФРЧКОСКИ ВО СВОЈ СТИЛ МУ РЕКОЛ НА КОВАЧЕВСКИ ДЕКА НЕМА ДА ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ“ Стоилковски го повика Пендаровски да се изјасни за скандалот

2,922

Дали е вистина дека конфликтот за парите трае уште од септември лани кога Димитар Ковачевски беше во Њујорк, а Фрчкоски со свој препознатлив стил на зборови му рекол дека нема да ги врати парите?, праша денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Повеќе од една недела, Ковачевски и Османи кријат што се случува со 4 милиони долари на сметка на Мисијата на Фрчкоски во Њујорк. Уште нема одговор, како е можно амбасадор да не постапува по инструкции и да остане неказнет за тоа? Како е можно да не враќа пари на граѓаните во буџет? И по сето тоа Фрчкоски е неказнет. Вакво самоволие е недозволиво – рече Стоилковски.






Тој вели дека на сметката на Мисијата лани се префрлени пари од продажба на имот на СФРЈ.

– Од тогаш, на два пати, во декември лани и во јуни годинава, Фрчкоски како амбасадор добива официјални инструкции да ги врати парите во буџет на Македонија, но тоа тој не го прави!? – додаде Стоилковски.

Тој потсетува дека Фрчкоски беше одбиен да биде амбасадор во држава сојузник на Македонија, па беше испратен во Мисијата во ООН.

– Кој и што e тоа што му дозволува вакво однесување на Фрчкоски, но и ваква понизност на Османи и Ковачевски кон самоволието на Фрчкоски? Каде е Стево Пендаровски во сиот проблем? Македонија и денес страда од транзициските олигарси коишто уживаат на грбот на народот! Владата веднаш да соопшти за што се планирани овие пари. Дали повторно на повидок е матна скапа зделка на Фрчкоски? – прашува Стоилковски.

 

Поврзани содржини