Професорот Љубомир Фрчкоски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше и за своето искуство во битката со коронавирусот и порача да се почитуваат пропишаните мерки.
– Тешко е, не поминав нешто супер тешко, но поминав прописно. Прва фаза, па се спушти на гради. Добро изреагираа на Инфективна, добро ме истретираа. И сега сум во некоја фаза на опоравување. Јас на време ги примив тие терапии за воспаление на градите, почнаа некаде после осмиот-деветиот ден, и не може да избегнете, само прашање е како ќе реагира организмот. Не е лесно, беше непријатно. Не треба да се шегува со ова, ќе видиме како ќе се одразат вакцините. Неверојатно е како тоа здравство, и тие работници се носат со оваа приказна – вели Фрчкоски.