ФРЧКОСКИ Е ЕДИНСТВЕНИОТ ЧОВЕК ШТО НЕ ГО САКААТ НИ ДОМА, НИ ВО СТРАНСТВО Пендаровски го прекрши законот

Откако не го сакаа стратешките партнери за амбасадор во Вашингтон и е вратен од официјален Вашингтон, имајќи ги на ум сите негови скандали во неговото портфолио, скандалозно портфолио, Пендаровски противзаконски го праќа за амбасадор во Обединетите нации, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

832

Љубомир Фрчковски е единствениот човек што не го сакаат ниту во неговата матична држава Република Македонија, ниту пак го сакаат надвор во другите држави. Знаете зошто? Затоа што знаат каков човек е – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој потсетува дека Фрчкоски беше непожелен од страна на Американците, како амбасадор во Вашингтон.






– Откако не го сакаа стратешките партнери за амбасадор во Вашингтон и е вратен од официјален Вашингтон, имајќи ги на ум сите негови скандали во неговото портфолио, скандалозно портфолио, Пендаровски противзаконски го праќа за амбасадор во Обединетите нации – вели тој.

Арсовски предупредува и дека претседателот на државата, со испраќањето на Фрчкоски во Њујорк, го прекршил законот.

– Со ова, Пендаровски го прекршил член 39 од Законот за надворешни работи за претставување пред собраниската комисија, а преку Собранието и јавноста, истите немале можност да извршат контрола врз извршната власт, како што е и претседателот и самите амбасадори – тврди Арсовски, кој посочи дека по неговото незаконско именување за амбасадор, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ законски ќе му ја одземе функцијата и ќе го врати дома.

Поврзани содржини