Фрчкоски: Двајца мои студенти станаа милионери со ширење лажни вести

10,461

Професорот Љубомир Фрчкоски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека велешаните кои се стекнаа со „светска слава“ по објавување лажни вести во кампањата на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп биле негови студенти.

– За групата што шири лажни вести од Велес, тоа се двајца мои студенти. 1,5 милиони долари направи едниот со ширење на лажни вести на сајтот на конзервативците, и тоа со две вести. Сакам да кажам колку има отсуство на самосвест за тоа што е важно во државава, на крајот што е интересно – рече Фрчкоски.






Велешаните беа топ тема во светот за време на кампањата во Америка, бидејќи поседуваа  интернет портали на кои пласираа лажни вести во корист на Трамп. Новинари од најпознатите и највлијателните медиуми во светот по изборите дојдоа во Велес, за да ги пронајдат сопствениците на порталите, за кои се верува дека влијаеле на изборниот резултат и му донеле гласови на Трамп.

 

Поврзани содржини