Фрчкоска: Јанева дала негативно мислење за притворот на Камчев откако е сликана со снопче пари

Адвокатите на Јанева речиси три часа спорат со доказите на обвинителката Вилма Русковска која и денеска не дојде на судењето поради нејзино присуство на друго судење.

1,419

Обвинетата обвинителка четири дена откако била фотографирана наводно со снопче од 50.000 евра дала негативно мислење за притвор на бизнисменот Јордан Камчев, а негативно мислење имала и ден откако тој го дал наводниот милион, рече денеска во завршните зборови за „Рекет“ адвокатата на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска.

– Во овој судски процес се докажа дека Катица Јанева не сторила ништо незаконско. Спрема Јордан Камчев се постапувало и како спрема сите други осомничени. Тој не бил привилегиран од страна на Катица Јанева. Во овој процес се докажа дека Јанева не му понудила на Камчев да биде заштитен сведок, таа не му давала никакви ветувања, ниту пак таа оддавала доверливи податоци од истрагата – рече таа.






Фрчкоска посочи дека Камчев постапил незаконски зашто за време на издржување на мерката притвор спротивно на забраната за комуникација, тој направил незаконски снимки.

Во продолжение на судењето адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев, ги изнесува завршните зборови во однос на обвинението дека Јанева оддавала доверливи податоци од истражната постапка и за веродостојност на доказите за наводното купче пари.

Адвокатите на Јанева речиси три часа спорат со доказите на обвинителката Вилма Русковска која и денеска не дојде на судењето поради нејзино присуство на друго судење.

Поврзани содржини