Французите може ќе  гласаат „однапред“ за претседателските избори во 2022 година

Доколку предлогот помине Французите, кои тоа ќе го сакаат, ќе имаат можност да гласаат во друга општина или град лоциран во странство – надвор од списокот составен од министерот за внатрешни работи. Гласањето би се одвивало на машина за гласање во текот на неделата пред изборите. Гласовите, сепак, ќе се бројат во исто време, во недела навечер.

148

Француската Влада поднесе амандман за да им се овозможи на гласачите да гласаат електронски една недела пред изборите во голем број општини. Ова е дополнителна флексибилност што може да им се додаде на модалитетите на претседателските избори.

Ако можноста за гласање преку пошта, што доста брзо беше отфрлена за регионалните избори, француските гласачи сега можеби ќе имаат можност да гласаат „однапред“ за претседателските избори во 2022 година. Владата поднесе амандман со ваква содржина во Сенатот, каде што неделава се дискутира за нацрт-законот што се однесува на изборот на претседател на Републиката.






Доколку предлогот помине Французите, кои тоа ќе го сакаат, ќе имаат можност да гласаат во друга општина или град лоциран во странство – надвор од списокот составен од министерот за внатрешни работи. Гласањето би се одвивало на машина за гласање во текот на неделата пред изборите. Гласовите, сепак, ќе се бројат во исто време, во недела навечер.

За да се избегне ризик од „двојно гласање“, секој гласач што гласал однапред, ќе се додаде во изборниот список за да се спречи повторно да гласа во неговата општина. Полномошниците, исто така, ќе бидат забранети со овој метод на гласање. Оваа регулатива може да стапи во сила најдоцна на 1 јануари 2022 година.

Додека дискусиите за нацрт-законот во врска со изборот на претседател на Републиката мора да продолжат во текот на целата недела, шефот на сенаторите од групата на Републиканците Бруно Ретаијо веќе изрази неподготвеност за овој амандман.

Зошто сакате да ги комплицирате работите?“, запраша тој на својот профил на Твитер и додаде дека „Сенатот ќе се спротивстави на секој политички маневар што би го нарушил овој суштински состанок на нашата демократија“.

Поврзани содржини