Французинот Мане нов ракометар на „Металург“
Дваесет и петгодишниот Французин доаѓа во скопскиот прволигаш од екипата на „Дижон“, а претходно во кариерата настапуваше и за „Безансон“, „Белфорт“ и „Мулхаус“.
Три денa по доаѓањето на португалското лево крило Рибеиро, македонскиот ракометен прволигаш „Металург“ денеска се засили и на позицијата лев бек, потпишувајќи двегодишен договор со Французинот Абдула Мане.
Дваесет и петгодишниот Французин доаѓа во скопскиот прволигаш од екипата на „Дижон“, а претходно во кариерата настапуваше и за „Безансон“, „Белфорт“ и „Мулхаус“.
По браќата Нокас, Мане е третиот француски ракометар во Металург и вкупно седмо засилување на екипата за претстојната сезона. Претходно, Металург ги засили своите редови и со пикерот Костадин Петров, средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.