Ковчег со 500.000 евра во подрум на убава зграда во Париз пронашла жена која го наследила станот од својата мајка со намера сега да го продаде.
– Не завршивме со броење, ама има некаде помеѓу 500.000 и 600.000 евра во банкноти од 500, 100 и 50 евра – открил извор за дневниот весник Le Parisien.
Педесетгодишна жена го наследила станот од својата мајка и почнала со подготовки за продажба на станот во престижниот 7-ми арондисман, недалеку од Ајфеловата кула, пишува весникот.Таа ангажирала агенција за недвижности за проценка на вредноста на станот. Ангажирана е и финансиска полиција специјализирана за истражување на перење и фалсификување пари.