ФРАНЦУЗИН УАПСЕН НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ Возел украдено возило
Возилото било одземено, а Г.Л. бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.
На Граничен премин Долно Блаце полициски службеници вчера го лишиле од слобода Г.Л. (44) од Франција затоа што при извршена гранична проверка и контрола било констатирано дека возилото „ауди” со француски национални ознаки, кое го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање од Интерпол.
Возилото било одземено, а Г.Л. бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.