Француските власти ја поништија дозволата за лекување ковид-19 со хидроксихлороквин
Француската Влада ја поништи уредбата со која им се дозволува на лекарите во болниците да користат хидроксихлороквин за третман на пациенти кои имаат тешки форми на ковид-19.
Одлуката е донесена откако Светската здравствена организација во понеделникот објави дека привремено ќе паузира со широко анализирање на анти-маларичниот лек од безбедносни причини.
Британското медицинско списание „Лансет“ објави дека пациентите кои примале хидроксихлороквин имаат зголемена стапка на смртност, неправилни отчукувања на срцето и голем број други разочарувачки резултати на лекот за терапија против ковид-19.
Тој лек особено го истакнуваше американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци како потенцијален лек во терапијата против коронавирусот.