ФРАНЦУСКИТЕ „РАФАЛИ“ РАСПОРЕДЕНИ ВО БАЗАТА ВО ЕМИРАТИТЕ Ќе ги бранат француските воени бази

Францускиот министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро потврди дека авионите спроведуваат операции за безбедност на воздушниот простор над француските бази и не даде дополнителни детали дали тие досега собориле ирански беспилотни летала или ракети.

123

Франција распореди борбени авиони „рафали“ во Обединетите Арапски Емирати со задача да ги заштитат француските воени бази во областа, потврди министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

– Тие спроведуваат операции за безбедност на воздушниот простор над нашите бази – изјави Баро.






Министерот не даде дополнителни детали за мисиите на авионите, како и дали досега имало потреба да се соборуваат беспилотни летала или ракети што би можеле да претставуваат закана за базите.

Овој потег доаѓа во време на растечки конфликт на Блискиот Исток. Франција претходно го критикуваше нападот на САД и Израел врз Иран, а претседателот Емануел Макрон рече дека операцијата се случила „надвор од рамките на меѓународното право, кое не можеме да го одобриме“.

И покрај критиките, Франција ги зајакна своите воени капацитети во регионот поради ескалацијата на конфликтот. Носачот на авиони со нуклеарен погон „Шарл де Гол“ веќе е распореден во Средоземното Море заедно со неговите придружни фрегати.

Франција има постојана воена база во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати, во која традиционално има неколку стотици француски војници.

Поврзани содржини