Француските болници секои 30 секунди примаат нов пациент

Болниците ставаат на интензивна нега по еден пациент на секои три минути.

243

Бројот на лица кои се згрижени во болници во Франција поради ковид-19 сега е поголем од претходните пикови во април. Тоа го изјави денеска францускиот премиер Жан Кастекс.

– Во моментот имаме повеќе од 32.000 пациенти заразени со ковид-19 во болниците – изјави тој на брифинг со новинарите.






Кастекс додаде дека нов случај со ковид се прима во болница на секои 30 секунди и по еден на интензивна нега на секои три минути.

Поврзани содржини