„ФРАНЦУСКИОТ ТРАМП“ НАПАДНАТ НА ПРЕДИЗБОРЕН МИТИНГ! Додека се движеше низ толпата, маж го фати за врат (ВИДЕО)
Јас сум единствениот кој ја бранам слободата на мислата, слободата на говорот - рече тој, отфрлајќи ги обвинувањата за фашизам, расизам и мизогинија. Земур во минатото беше осуден за говор на омраза.
Претседателскиот кандидат на крајната десница Ерик Земур беше нападнат на неговиот прв предизборен митинг во Франција.
Додека 63-годишникот одеше низ толпата кон бината, маж накратко го фати за врат пред да интервенираат службениците од обезбедувањето.
— H_Russia (@H_Russia) December 5, 2021
Локалните медиуми јавуваат дека на Земур му бил повреден зглобот на раката и дека лекарите му препишале девет дена одмор.
Поранешниот новинар е познат по своите контроверзни ставови за мигрантите и Втората светска војна. Во минатото, ова дете на еврејски имигранти од Алжир тврдеше дека француската држава ги штити Евреите за време на конфликтот, додека во реалноста колаборационистичкиот режим испрати илјадници француски Евреи во нацистичките логори на смртта, потсетува Би-Би-Си.
По неколку недели шпекулации, Земур минатата недела ја објави својата кандидатура за претседателските избори во Франција во 2022 година.
Инцидентот во кој беше нападнат Земур е еден од неколкуте насилни судири за време на настанот, одржан во неделата вечерта во конгресниот центар североисточно од Париз.
Според локалните медиуми, на митингот присуствувале околу 10.000 луѓе. Наводно, илјадници демонстранти против екстремно десничарскиот политичар маршираа низ градот, а полицијата уапси десетици пред местото на настанот.
Земур бил нападнат додека минувал низ толпата. Полицијата брзо го уапси напаѓачот, а портпаролот на партијата на Земур за весникот Фигаро изјави дека планираат да поднесат правна жалба и ја пофали „храброста“ на Земур што одржал говор по инцидентот.
Додека го започнуваше говорот, неговите поддржувачи фрлаа столови кон демонстрантите кои станаа облечени во маици со антирасистички пароли.
– Ако победам на овие избори, тоа нема да биде уште една ротација на власта, туку повторно освојување на најголемата земја во светот – им порача тој на насобраните за време на долгиот говор.
WARNING: GRAPHIC CONTENT – French far-right presidential candidate Eric Zemmour promised a ‘reconquest’ against decades of decline at his first political rally, as scuffles with anti-racism protesters broke out on its fringes https://t.co/J19m7HELcV pic.twitter.com/Hjp25UTG0P
— Reuters (@Reuters) December 6, 2021
Тој рече дека неговата партија ја нарекол „Reconquest“ – име за кое Земур рече датира од периодот на историјата познат како „Reconquista“, кога христијанските војски ги протерале муслиманите од Пиринејскиот Полуостров.
Екстремно десничарскиот политичар ги критикуваше и политичките елити и медиумите. Неколку пати толпата упати свирежи кон новинарите кои беа присутни во арената.
– Јас сум единствениот кој ја бранам слободата на мислата, слободата на говорот – рече тој, отфрлајќи ги обвинувањата за фашизам, расизам и мизогинија. Земур во минатото беше осуден за говор на омраза.
Анкетите во моментов покажуваат дека центристот Емануел Макрон најверојатно ќе ја задржи власта, но аналитичарите веруваат дека исходот од трката е сè уште неизвесен.
Десничарската Републиканска партија минатиот викенд го избра Валери Пекрес за свој кандидат во 2022 година.