Францускиот Институт Пастер објавил дека го прекинува развојот на својот главен план за вакцина против ковид-19 бидејќи првите испитувања покажале дека е помалку ефикасна отколку што се надевале.
Друга франсцуска лабораторија, Санофи, најавила во декември дека нивната вакцина доцни и дека ќе биде спремна при крајот на 2021 година, поради полошите резултати од очекувањата.
– Во случајот со вакцината на Пастер, утврдено е дека се индуцирани имунолошки одговори пониски од тие кои се забележани кај излечените пациенти од природна инфекција како и од тие кај лицата кои се вакцинирани со одобрените вакцини против ковид-19 – објаснува Институтот во образложението на одлуката за прекинување на проектот.
Пастеровата вакцина ја користеше вакцината против сипаници прилагодена за борба против ковид-19.