Основачот на компанијата „Фаберновел“, Стефан Дистингин предлага Франција да ја продаде сликата на Мона Лиза за 50 милијарди евра.
– На тој начин ќе ги надомести парите што ги изгуби поради пандемијата на коронавирусот – рекол тој во едно од своите интервјуа.
Дистингин објаснил дека губитоците ќе бидат многу големи и смета дека државата би требало да го распродаде вредниот имот по највисока можна цена.
– Продаде го „семејниот имот“. Таа слика лесно е да премести, леснно е да се предаде понатаму. Имаме многу слики. Цената мора да биде луда за такво нешто да функционира, а проценувам дека Мона Лиза би можела да се продаде за 50 милијарди евра. Ми рекоа дека мојата проценка е прецената – рекол Дистингин.