📽️ФРАНЦУСКИ АВИОН ГО ИЗВЛЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАДАГАСКАР ОД ОСТРОВОТ Макрон не ја открива локацијата на Раџоелина

Евакуацијата е спроведена во договор со францускиот претседател Емануел Макрон, иако француските власти нагласуваат дека не се мешаат во внатрешната криза на Мадагаскар, која ја тресе земјата од 25 септември. Kанцеларијата на претседателот на Мадагаскар објави дека тој ќе се обрати до сонародниците преку својата официјална Фејсбук страница, но бидејќи офицерите што ги поддржуваат протестите изјавија дека ја презеле контролата врз воената команда, Раџоелина не се појави јавно.

773

Претседателот на Мадагаскар, Андри Раџоелина, денеска беше евакуиран од земјата со француски воен авион додека траат протестите и воениот бунт, дознава РФИ.

Евакуацијата е спроведена во договор со францускиот претседател Емануел Макрон, иако француските власти нагласуваат дека не се мешаат во внатрешната криза на Мадагаскар, која ја тресе земјата од 25 септември.






Немирите во Мадагаскар започнаа поради општи прекини во водоснабдувањето и електричната енергија, но прераснаа во национално движење кое бараше оставка на Раџоелина. Безбедносните сили употребија сила за да ги растераат демонстрантите, додека офицерите што ги поддржуваат демонстрантите ја презедоа контролата врз воената команда.

Според РФИ, Раџоелина требаше вечерва да им се обрати на сограѓаните, но неговата локација беше непозната пред да се потврди евакуацијата.


Неговата канцеларија објави дека тој ќе се обрати до сонародниците преку својата официјална Фејсбук страница, но бидејќи офицерите што ги поддржуваат протестите изјавија дека ја презеле контролата врз воената команда, Раџоелина не се појави јавно.

Претседателот на Мадагаскар вчера предупреди дека членовите на КАПСАТ, елитната единица што му помогна да дојде на власт за време на државниот удар во 2009 година, се обидуваат да извршат државен удар. Поранешниот премиер Кристијан Нтсај и бизнисменот Мами Раватоманга, близок сојузник на претседателот, во саботата вечерта отпатуваа за Маврициус, се наведува извештаите од земјата.

Поврзани содржини