ФРАНЦУСКАТА ТЕНИСЕРКА ТВРДИ ДЕКА ГОЛЕМИТЕ ГРАДИ НЕ Ѝ ПРЕЧАТ ВО ТЕНИСОТ Оушан Додин проговори за естетската операција со која си ги зголеми градите

Француската тенисерка Оушан Додин (29) заработила повеќе од 2,3 милиони евра во својата кариера, нејзиниот најдобар пласман бил во 2017 година кога била 46-та тенисерка во светот, но сега се најде во центарот на вниманието поради – нејзините гради.

515

Француската тенисерка Оушан Додин проговори за естетската операција на градите.

По деветмесечна пауза, таа се врати на тениските терени, играјќи на ITF турнирот во Ремс, но повеќе се зборуваше за нејзиниот физички изглед отколку за нејзината игра. Имено, Додин направи естетска операција на градите и, како што тврди, стана првата тенисерка што се одлучила за таков потег:






– Да, во овој спорт тоа не е вообичаено. Знам дека никој не го направил тоа пред мене, знаев дека луѓето ќе зборуваат, но за мене не е ништо лудо. Тоа се само гради, ништо посебно. Можеби луѓето ќе зборуваат затоа што е ново и необично, но не толку колку што мислев – вели таа.

Тенисерката тврди дека добила низа непријатни прашања од мажи, а особено ја вознемирило прашањето од еден новинар дали воопшто може да игра тенис по операцијата на градите:

– Секако дека можам да играм! Да, моите гради се големи, но тоа не значи дека не можам да се движам. Има тенисерки со поголеми гради од моите и тие и натаму играат. Моите се само вештачки, тоа е сè“, рекла таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oceane Dodin (@oceane_dodin)

 

Поврзани содржини