ФРАНЦУСКАТА ПЕСНА ОЧИГЛЕДНО ГОЛЕМ ФАВОРИТ Публиката воодушевена од нумерата „Очигледно“ на Захра Хафди (ВИДЕО)

Многумина ја сметаат за најубава песна годинава и ја прогласија за апсолутен фаворит за победа на музичкиот фестивал.

407

Годинашниот претставник на Франција на Изборот на песна за Евровизија, песната „Évidemment“ („Очигледно“) на пејачката Ла Зара, веќе ги освојува симпатиите на милиони гледачи во светот и се смета за голем фаворит за победник на годинашниот „Евросонг“.

Евровизиските обожаватели се восхитени од француската песна, а коментарите на социјалните мрежи се, генерално, позитивни. Многумина ја сметаат за најубава песна годинава и ја прогласија за апсолутен фаворит за победа на музичкиот фестивал.






Ла Зара, чие вистинско име е Фатима Захра Хафди, е 25-годишна канадско-француска пејачк, родена во Монтреал во семејство со мароканско потекло.

Иако самоука за музика, таа бргу почнала да пишува свои композиции, инспирирани од нејзините искуства и длабоки емоции. Нејзините обожаватели истакнуваат дека „нејзиниот специфичен глас ѝ овозможува да ги пренесе своите чувства на публиката преку музика со единствен кредибилитет“.

Ла Зара ја опишува песната „Évidemment“ како „универзална љубовна песна“ и „химна што секој може да ја пее“.

Промотивното видео на Зара веќе има повеќе од 5 милиони прегледи на Јутјуб:

Поврзани содржини