ФРАНЦУСКАТА ЛЕГИЈА НА СТРАНЦИТЕ ВЛЕГУВА ВО УКРАИНА СО 2.000 ВОЈНИЦИ? Макрон сонува да биде војсководец, ама не научил историја, предупредува руско разузнавање

Според Руската надворешна разузнавачка служба, француските трупи се веќе распоредени во подрачјата на Полска кои граничат со Украина, каде што поминуваат интензивна борбена обука.

977

Франција планира да распореди контингент од приближно 2.000 војници во Украина од Легијата на странците, тврди Руската надворешна разузнавачка служба (СВР).

„Јадрото на формацијата ќе го сочинуваат јуришните трупи на Француската легија на странци, пред сè од латиноамериканските земји“, се прецизира во извештајот на руската разузнавачка агенција, пренен од руски медиуми.






Според СВР, француските трупи се веќе распоредени во подрачјата на Полска кои граничат со Украина, каде што поминуваат интензивна борбена обука. Контингентот ќе вклучува и обични војници и офицери.

Руската разузнавачка служба додава дека Франција брзо создава дополнителни болнички кревети за сместување на ранетите, а лекарите поминуваат специјализирана медицинска обука за работа на терен.

„Францускиот претседател Емануел Макрон, во обид да ја изведе Франција од нејзината социоекономска криза, сонува за интервенција и не се откажал од надежта дека ќе влезе во историјата како војсководец. Но, слабо ја проучил историјата“, се вели во извештајот на СВР.

Руското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека секое сценарио кое вклучува распоредување трупи на земјите членки на НАТО во Украина е категорички неприфатливо за Русија и ќе предизвика остра ескалација.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека податоците на Руската служба за надворешно разузнавање за намерите на Франција се алармантни.

Тој додаде дека руската армија веќе се судрила со странци на украинскиот фронт.

– Нашата армија постојано слуша странски јазици на своите радиостаници по линијата на поделба. Ова значи дека странци се таму. Ги елиминираме – рече Песков.

Поврзани содржини