Француска лабораторија за прв пат продаде вештачко срце – чини 160.000 евра и тежи 900 грама
Лабораторијата Карма, која го измисли вештачкото срце, пред неколку години објави дека не можат целосно да ги заменат трансплантациите, туку оваа протеза се вградува поради недостаток на срце за трансплантација.
Француската лабораторија Карма соопшти дека денеска за прв пат го пласирала вештачкото срце на пазарот, кое неодамна е трансплантирано кај пациент од Неапол, а ова е прва продажба на вештачко срце од страна на лабораторијата која е основана во 2008 година.
Имплантацијата на срцето ја извршил тим лекари предводени од кардиологот Чиро Мајел во болница во Неапол, пренесува Бета.
Во 2020 година, француската лабораторија доби лиценца за продажба на овој производ низ Европа, на пациенти кои чекаат трансплантација на срце.
Лабораторијата Карма, која го измисли вештачкото срце, пред неколку години објави дека не можат целосно да ги заменат трансплантациите, туку оваа протеза се вградува поради недостаток на срце за трансплантација.
Претходно беше изјавено дека срцето тежи 900 грама, кое е потешко од вистинското срце за 300 грама.
Цената на вештачкото срце не е позната, но француските медиуми претходно изјавија дека ќе чини околу 160.000 евра, исто колку и трансплантација на вистинско срце со многу долг пост-оперативен тек.