ФРАНЦИЈА ЗАБРАНИ ПУШЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА Забраната ќе се применува од 1 јули

Министерството за здравство изрази особена загриженост за популарноста на цигарите кај младите, а официјалната статистика покажува дека околу 15% од 17-годишниците пушат.

407

Француската влада денеска донесе декрет со кој се забранува пушењето во сите паркови, автобуски станици, спортски настани и околу училиштата од вторник, 1 јули. Забраната не се однесува на  електронските цигари.

И покрај повеќето мерки за намалување на пушењето, околу 30% од Французите сè уште пушат речиси секој ден, што е една од највисоките стапки во Европа и светот.






Министерството за здравство изрази особена загриженост за популарноста на цигарите кај младите, а официјалната статистика покажува дека околу 15% од 17-годишниците пушат.

– Повеќе од 200 луѓе во Франција умираат секој ден од болести поврзани со тутунот, што изнесува околу 75.000 луѓе годишно – објави денес министерката за здравство на Франција, Катрин Вотран.

 

Поврзани содржини