📷 ФРАНЦИЈА СЕ МАЈТАПИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Сликите на Макрон со боксерски ракавици предизвикаа бура на социјалните мрежи

Весникот Фигаро наведува дека некои корисници на социјалните мрежи го обвиниле фотографот дека прибегнал кон уредување за фотографијата да биде повпечатлива, а некои го споредиле Макрон со Роки Балбоа.

1,066

Во вторникот, официјалниот фотограф на францускиот претседател објави две црно-бели фотографии на Инстаграм на кои се гледа Макрон со боксерски ракавици и боксерска вреќа пред него, пренесува Фигаро.

Весникот наведува дека некои корисници на социјалните мрежи го обвиниле фотографот дека прибегнал кон уредување за фотографијата да биде повпечатлива, а некои го споредиле Макрон со Роки Балбоа.






Сликите на Макрон со боксерски ракавици предизвикаа бура на социјалните мрежи:

 

 

 

 

 

 

Сопругата на Макрон, Брижит, минатата година во интервју за магазинот „Paris Match“ изјави дека тој редовно вежба бокс два пати неделно.

На 8 јануари, Макрон се фотографираше со боксерски ракавици на рамо во кратко видео на неговиот профил X, 200 дена пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз, според „Фигаро“.

Поврзани содржини