ФРАНЦИЈА МОРА ДА ПРИМА ПО 310.000 МИГРАНТИ ГОДИШНО Француската економија ќе пропадне ако не увезува работници

Според податоците од француската статистичка служба, Франција примила 331.000 имигранти во 2022 година.

289

За да го зачува својот социјален модел, Франција која има сè постаро население, ќе мора да продолжи да прифаќа илјадници странски работници, се вели во извештај објавен денеска од левичарскиот тинк-тенк „Тера Нова“.

Според анализите на овој истражувачки центар, за да се одржи поволен сооднос помеѓу бројот на вработени и невработени и да се обезбеди „одржливост на социјалниот систем“, Франција треба да прима околу 310.000 имигранти годишно до средината на 21 век.






За споредба, според податоците од француската статистичка служба, Франција примила 331.000 имигранти во 2022 година.

„Без странски работници, нашата економија би пропаднала“, нагласуваат авторите на извештајот, истакнувајќи ја клучната улога на имигрантите во одредени сектори.

Имигрантите се застапени во голем број професии со недостиг на работна сила, како што се негуватели и домашни помошници, градежни работници и хигиеничари.

Овој тренд не се однесува само на нискоквалификувани работни места – еден од пет лекари што работат во Франција дипломирале во странство. Заклучоците од извештајот се базираат на податоци дека француското население старее, додека стапката на наталитет се намалува, што предизвикува влошување на односот помеѓу работното и пасивното население, а тоа претставува закана за социјалниот модел на земјата.

Поврзани содржини