Франција ќе вградува чипови во војниците! Ќе бидат отпорни на стрес и болка и ќе има можност за далечинско управување

Француската министерка за одбрана Флоренс Парли укажа на потребата од подобрување на армијата. Таа во првата недела од декември истакна дека Франција не планира веднаш да развие „инвазивна“ технологија за војниците.

717

Неколку дена откако висок американски разузнавачки службеник изјави дека Кина сака да развие вештачки подобрени војници, француската војска доби дозвола за развој на бионички војници, тврдејќи дека не сака да заостанува зад напредокот на другите земји.

Иако Франција предлага цртање јасни етички линии кои би го заштитиле „човечкото“ на војниците, научниците предупредуваат на можните последици од неовластено менување на човечкиот ген.






Француската армија доби зелено светло за развој на бионички војници отпорни на болка и стрес и обдарени со дополнителна моќ на мозок благодарение на имплантните микрочипови, пишува лондонски „Тајмс“, нагласувајќи дека одобрението е од Етичкиот комитет на Министерството за вооружени сили кој наведе дека Франција треба да биде во чекор со земјите кои веќе работат на развој на „супер војници“.

Комитетот обезбеди детали за истражувањето кое вклучува апчиња за долгорочна будност на војниците и за подобрување на слухот, како и студии за импланти кои ослободуваат седативи или „го подобруваат мозочниот капацитет“. Исто така, биле проучени и лековите што им овозможуваат на војниците полесно да поднесат болка или што би ја подобриле нивната ментална еластичност доколку некој војник биде заробен.

Во тек е и истражување на импланти, што ќе им овозможува на командите да ги читаат психофизичките параметри на војниците од далечина или да ги лоцираат на бојното поле. Другите импланти можат да им помогнат на војниците да разликуваат пријатели и непријатели, според извештајот на воениот етички комитет.

Во извештајот, исто така, се забележува дека мора да се воведат заштитни мерки за да се запрат какви било подобрувања што им го одземаат „човечкото“ на војниците.

Францускиот комитет за воена етика нагласува дека е „потребно“ да се извлечат јасни етички линии кои забрануваат евгенични и генетски практики при истражувањето за подобрување на перформансите на француските војници, пренесува „ВВС“.

– Човечките суштества долго време бараа начини да ги зголемат своите физички или когнитивни способности за да војуваат – предупредува извештајот на комитетот објавен претходно оваа недела, истакнувајќи дека другите земји ги истражуваат ваквите можности.

Француската министерка за одбрана Флоренс Парли укажа на потребата од подобрување на армијата. Таа во првата недела од декември истакна дека Франција не планира веднаш да развие „инвазивна“ технологија за војниците.

– Но, ние мора да се соочиме со фактите – додаде Парли.

– Не сите ги споделуваат нашите скрупули и ние мора да бидеме подготвени на сè што не чека во иднина – вели министерката.

Иако француските вооружени сили имаат дозвола да развиваат „супер војници“ во интервенции што вклучуваат медицински третмани, протетика и импланти кои го подобруваат „физичкиот, когнитивниот, перцептивниот и психолошкиот капацитет“, воениот етички комитет забрани какви било промени што можат да влијаат на способноста на војниците да имаат слободна волја или да влијаат на нивната реинтеграција во цивилниот живот.

Поврзани содржини