Франција ќе исплати 20 милијарди евра субвенции за принуден одмор

628 000 компании и асоцијации испратиле на принуден одмор околу 7.000 вработени во рамките на оваа програма, со која се предвидува државата да им надомести до 84 отсто од платите за нивните вработени.

253

Француската државна програма за субвенционирање принуден одмор ќе чини над 20 милијарди евра, изјави денеска министерот за труд Муриел Пенико.

Тој рече дека 628 000 компании и асоцијации испратиле на принуден одмор околу 7.000 вработени во рамките на оваа програма, со која се предвидува државата да им надомести до 84 отсто од платите за нивните вработени.






– Расходот на државата и државниот фонд за невработеност ќе биде над 20 милијарди евра – изјави Пенико за телевизијата Бе-Еф-Ем.

Поврзани содржини