ФРАНЦИЈА ДОБИ НОВА ВЛАДА СО ИМИЊА ОД СТАРИОТ СОСТАВ Левицата и екстремната десница веќе се заканија дека ќе ја соборат
Францускиот претседател Емануел Макрон презентираше список од 18 министри, од кои 13 веќе беа во претходната влада на центристот Франсоа Бајру. Другите имиња ќе бидат објавени по политичкиот говор на премиерот закажан за вторник попладне.
По четири недели преговори предводени од францускиот премиер Себастијан Лекорни, денеска Франција ја доби новата влада, трета за една година, но со веќе познати имиња од претходната влада.
Францускиот претседател Емануел Макрон презентираше список од 18 министри, од кои 13 веќе беа во претходната влада на центристот Франсоа Бајру. Другите имиња ќе бидат објавени по политичкиот говор на премиерот закажан за вторник попладне.
Жан-Ноел Баро останува министер за надворешни работи, како и Жералд Дарманен како министер за правда, а Бруно Ретажо, шеф на Републиканската партија, како министер за внатрешни работи.
Изненадување во новата влада е враќањето на Бруно Ле Мер, кој е назначен за министер за одбрана, преземајќи ја функцијата од Себастијан Лекорни, кој стана премиер. Бруно Ле Мер беше министер за економија и финансии на Емануел Макрон седум години, од 2017 до 2024 година.
Роланд Лескир, од персоналот на Макрон, е назначен за министер за економија и финансии и ќе има тешка задача да презентира нацрт-буџет за 2026 година прифатлив за Парламентот во време кога јавните финансии на земјата се во најлоша состојба со долг од 3,3 трилиони евра, што претставува повеќе од 115% од БДП.
Левицата и екстремната десница веќе се закануваат дека ќе ја соборат и оваа влада..
Претседателот на крајно десничарската партија Национален собир, Џордан Бардела, рече дека владата е составена од „последните макронисти приврзани за пипалата на Медузата“, додека лидерот на радикалната левица, Жан-Лук Меланшон, рече дека „тоа собирање на повратниците нема да се случи“.
Парламентот е поделен на три блока, сојузници на левицата, макронисти и центристи и екстремната десница, и никој нема апсолутно мнозинство, што ја турка земјата во хронична нестабилност.