ФОТОВОЛТАИЦИ НА ОУ „КИРО ГЛИГОРОВ“ ЗА 7,3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Прво училиште во Центар со помали сметки за струја

Минатата година Општина Центар по само неколку месеци од основањето на трговското друштво за производство и продажба на „Енергија Центар" ја постави првата фотоволтаична централа на кровот на градинката „Пепелашка".

208

Основното училиште „Киро Глигоров” е вториот објект во Општина Центар кој доби фотоволтаични панели на покривот, информира локалната самоуправа. На кровната површина се поставени 720 панели со максимална инсталирана моќност од 396 киловати за производство на електрична енергија. Нивниот приклучок се очекува наскоро, а градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека целиот процес за набавка и инсталирање на фотоволтаичната централа е од општинскиот буџет и е во висина од 7,3 милиони денари (120.000 евра).

– Според истражувањата на пазарот, за реализирање на оваа инвестиција од општинскиот буџет првично планиравме 18 милиони денари, ама на јавната аукција цената се симна на 7,3 милиони денари. Со поставувањето на оваа фотоволтаична централа очекуваме значително да се намалат вкупните трошоци за електрична енергија, што нам како локална самоуправа ќе ни овозможи да вложиме повеќе средства во одржување на високиот квалитет на услугите за образование на децата – потенцира Герасимовски.






Лани Општина Центар по само неколку месеци од основањето на трговското друштво за производство и продажба на „Енергија Центар” ја постави првата фотоволтаична централа на кровот на градинката „Пепелашка”.

Поврзани содржини