📷 ФОТОГРАФИИ ШТО ГО ОДЗЕМААТ ЗДИВОТ Телескопот „Џејмс Веб“ ни ја доближи убавината на Вселената
Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА), канадската КСА и европската агенција ЕСА нѐ потсетија на снимките што годинава ги направи вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“.
„Џејмс Веб“ беше лансиран на Божиќ 2021 година. Телескопот има сопствено гориво со кое ја одржува станицата на 1,5 милиони километри од Земјата, а сепак, летот и поставувањето на сателитот во Земјината Орбита бил толку прецизен, така што сега се проценува дека има резерви на гориво за 20 години работа. Тоа значи дека астрономите можат да си дозволат подолгорочен стратешки пристап кон нивната работа, објави Би-би-си.
Уран како блескава сина топка опкружена со светли прстени и слабо сини месечини
Научничката Ема Кертис Лејк го споредува со телескопот „Хабл“.
– Мислам дека нема да ни требаат стотиците часови изложеност (на непотребни влијанија) како со „Хабл“, но можеби ќе ни треба подлабока анализа. Веќе гледаме многу варијации. Така што не може да ставиме сè во една мала област бидејќи нема гаранција дека ќе најдеме нешто супер-возбудливо – вели Лејк.
Јупитер
Масимо Стијавели од Италија, еден од научниците вклучени во проектот, истакнува дека сонува да забележат ѕвезда „со потпис“ на Големата експлозија.
– Ќе треба да ги гледаме како супернови, кога ќе експлодираат. За да го постигнеме ова, треба да почнеме да ги гледаме истите закрпи од година во година за да ги фатиме пред да исчезнат. Тие ќе бидат исклучително ретки и ќе треба да имаме многу среќа во процесов – објаснува Стијавели.
Маглина
Кога станува збор за колекцијата фотографии – тие имаат опсег од добро познатите тела во нашиот Сончев Систем до најоддалеченото катче на Универзумот.
Сината галаксија
Меѓу другото, тука е и големата планета Јупитер, далечни галаксии како што е Вител, молекуларни облаци оддалечени 630 светлосни години од Земјата, но и центарот на нашата галаксија, познатата супермасивна црна дупка.
Маглината Мачкино око