КРИТ НЕ Е КРИТ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ Срушени куќи и згради, луѓето бегале во паника (ФОТО)
Едно лице го загуби животот, а деветмина се повредени во силниот земјотрес од 5,8 степени на грчкиот остров Крит.
Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер денеска го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Потресот се случил 20 километри југоисточно од градот Ираклион, на длабочина од два километри.
Најблиска населба до епицентарот ја Ано Атхенес, која има 3.900 жители. Населбата од местото на земјотресот е оддалечена десет километри.
Земјотресот предизвикал големи материјални штети, има урнати згради, а луѓето во паника бегале од домовите.
Поголемиот дел од штетата е на стари градби и на фасадите на објектите, а во селото Аркалохори се урнала мала црква во која се вршеле градежни работи.
Во грчките медиуми се споменува дека две лица биле заглавени во урнати објекти, од кои еден во конкретната црквичка, меѓу засега нема официјална потврда на оваа информација.
По првиот земјотрес, 10 минути подоцна имало втор со јачина од 3,8 степени, а потоа се регистрирани уште неколку потреси.

ОБНОВЕНО
Едно лице го загуби животот, а деветмина се повредени во силниот земјотрес од 5,8 степени на грчкиот остров Крит.
Од Министерството за цивилна заштита на Грција, официјално соопштуваат дека „согласно информациите од надлежните органи загина едно лице“.
Според грчките медиуми безживотното тело го извлекле припадниците на специјалните сили за справување со катастрофи на противпожарната служба, од урнатините на мала црква во која се вршеле градежни работи во селото Аркалохори.
Земјотресот предизвика материјална штета на стари објекти, цркви, но и на патишта во неколку општини на Крит што се наоѓаат блиску до епицентарот, јужно од градот Ираклио, додека пак беа евакуирани училиштата и побарано од родителите да ги земат децат
Yunanistan’ın Girit adasında meydana gelen 6,5 büyüklüğündeki deprem sonrası bazı binalarda hasar meydana geldiği bildiriliyor. #Earthquake #σεισμός #Κρήτη #Crete #Greece pic.twitter.com/eMiZpQKhNI
— 𝕁𝕠𝕦𝕣𝕟𝕒𝕝𝕚𝕤𝕥 (@HamdiCelikbas) September 27, 2021