📷 ФОТОГРАФИЈАТА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ГО „ЗАПАЛИ“ ИНТЕРНЕТ „Колку е згоден, еден од најатрактивните мажи на светот“

Принцот Вилијам доби бројни комплименти на социјалните мрежи откако беше објавена негова нова фотографија од Кардиф.

2,255

Принцот Вилијам доби бројни комплименти на социјалните мрежи откако беше објавена негова нова фотографија од Кардиф. Се коментира дека започнува неговата ера како државник, но и дека британското кралско семејство по низата скандали и проблеми, повторно успеало да заземе добар правец, што се гледа од успешните официјални ангажмани и покажаната меѓусебна поддршка и решителност од членовите на династијата.

 







Принцот од Велс во последните месеци извршуваше низа службени обврски, правеше ретки паузи, а имаше и заеднички ангажмани со својот татко, кралот Чарлс Трети, кој се бори со ракот и на кого заедно со кралицата Камила, му се најголема поддршка. Поддршката на принцезата Ана и војводата и војвотката од Единбург, кои исто така извршуваат должности, значи многу за династијата.

 


Принцот Вилијам неодамна ја претставуваше Велика Британија на меѓународната комеморативна церемонија во Нормандија по повод 80-годишнината од Операцијата Д, заедно со кралот и Камила, како и бројни светски политичари.

 

Поврзани содржини