Фотографијата на Дејвид Бекам како ја бакнува во уста деветгодишната ќерка крена вистинска бура

1,125

Обожавателите на поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам (45) и неговата сопруга Викторија (46) влегоа во сериозна дискусија кога таа објави фотографија на својот инстаграм-профил на која нејзиниот сопруг ја бакнува во уста нивната деветгодишна ќерка Харпер, пишува „Дејли мејл“.

Фотографијата од бакнежот е направена додека Дејвид и Харпер собирале овошје, зеленчук и цвеќиња заедно во органската фарма Дејлесфорд во местото Глостершир, а обожавателите на семејството Бекам се прашувале дали е соодветно Дејвид на тој начин да ја бакнува својата ќерка.






„Го обожавам вашето семејство, но никогаш не ги разбрав родителите кои ги бакнуваат своите деца во уста. Како и да е, ви посакувам се најдобро”, напишала една корисничка на Инстаграм. „Ве молам, престанете да ги бакнувате децата во уста!!!“, додала друга корисничка. „Зошто ја бакнува во уста?“, се запрашала трета.

Една од обожавателките на Бекамови, која се вклучила во дискусијата за бакнежот, напишала дека таквиот начин на покажување љубов може да ја шокира, но дека ја разбира невиноста во тој момент.

„Секогаш се чувствувам непријатно кога гледам дека бебиња и деца се бакнуваат во уста, но сигурна сум дека и самата јас тоа сум го направила безброј пати, и тоа без размислување. Луѓето го поврзуваат бакнувањето во уста со интимниот чин на љубовници, но припадниците на некои култури така ги поздравуваат сите и тие знаат како да ги одделат чувствата на љубов и приврзаноста кон таа страст“, напиша обожавателката. „Ние мора да се освестиме за тоа и не треба да ни биде чудно затоа што не го сфаќаме тоа.“

 

 

View this post on Instagram

 

The best daddy💕 @davidbeckham #HarperSeven X

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини