Фотографија од 93-годишна баба стана хит поради натписот кој го закачила на прозорецот

1,130

93-годишна баба станала хит на интернет поради натписот кој го закачила на прозорецот од својот дом во Пенсилванија.

Оливиjа Веронеси од градот Семиноле е фотографирана покрај нејзиниот прозорец со натпис „ми треба уште пиво“, порака која им ја покажува на соседите и ќерката, а нејзината фотографија стана вирална на социјалните мрежи.






Фотографијата која ја направила нејзината братучетка, добила повеќе од 10.000 лајкови, а Веронеси вели дека резултирала со великодушни понуди од луѓето да ѝ донесат уште пиво.

„Убаво е, нешто и за младата дама“, коментирала бабата.

 

FOTO: Printskrin/Fejsbuk/KDKA-TV | CBS Pittsburgh

Поврзани содржини