(ФОТО) ЗА ОСМАНИ МАКРОН Е ПРЕМИЕР НА ФРАНЦИЈА Министерот направи лапсус во објава на Фејсбук

Премиерка на Франција во моментов е Eлизабет Борн.

1,097

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил го нарече францускиот претседател Емануел Макрон, премиер на Франција. Во објава во врска со форумот ГлобСек за глобална безбедност во Братислава Османи напиша дека се сретнале со францускиот премиер.

Во претседателскиот систем, кој го имаат Франција, САД и други земји во светот, претседателот, освен што е шеф на државата е воедно и шеф на Владата.






Премиерка на Франција во моментов е Eлизабет Борн. Таа била поставена на функцијата од претседателот лани во мај и го води Советот на министри.

Поврзани содржини