(ФОТО) ВО ВАРДАР ПЛИВААТ ЕЛЕКТРИЧНИ КАБЛИ Оштетен е „Железничкиот Мост“ во Карпош, надлежните пријавија во полиција
Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по реакциите на политичките партии кои го политизираа и пожарот на мостот „Беласица“ со шпекулации и предизвикување општа несигурност и паника кај граѓаните, заклучокот е загрижувачки, наведено е во соопштението на Град Скопје.
Градот Скопје заедно со Општина Карпош, денеска поднесе пријава против непознат сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на т.н. „Железнички Мост” во Општина Карпош на булеварот Васил Чакаларов во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.
„Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по реакциите на политичките партии кои го политизираа и пожарот на мостот ‘Беласица’ со шпекулации и предизвикување општа несигурност и паника кај граѓаните, заклучокот е загрижувачки. Апелираме до сите институции да ги преземат сите неопходни мерки за да се спречи ваквата појава, како и до сите политички чинители да не поттикнуваат вакво однесување“, наведено е во соопштението на Град Скопје.
Во продолжение погледнете ги фогографиите со направената штета: