(ФОТО) ВНИМАВАЈТЕ АКО ДОБИЕТЕ СМС ПОРАКА ОД ОВОЈ БРОЈ Измамници ја злоупотребуваат веб-страната на УЈП за да ви ги украдат личните податоци
Измамата се состои во тоа што добивате СМС порака со линк кој во голема мера наликува на линкот на официјалната веб-страна на УЈП, каде што навистина постои можност да извршите задолжителна пријава. Официјалната веб-страна на УЈП гласи: ujp.gov.mk, додека, пак, лажниот има цртичка наместо точка: ujp-gov.mk.
Доколку ви пристигне СМС порака и доколку од вас се бара да извршите задолжителна пријава на Управата за јавни приходи (УЈП) преку линкот што ви е испратен во СМС пораката, најдобро е да не избрзувате со откривање на вашите лични податоци, предупредуваат програмери кои деновиве лично се соочиле со измамата.
„Нов обид на фишинг. Внимавајте и пренесете на роднините и на пријателите да не наседнуваат. Ми пристигна СМС порака од +389 75 835 246 со содржина: УЈП: Извршете ја задолжителната пријава `https://ujp-gov.mk/potvrda`. На линкот има повеќе форми каде што се бара да се пополнат лични информации (име, презиме, адреса, детали од платежна картичка и фотографии од лични документи). По пополнување на формите, страницата пренасочува кон сосема друга платформа“, предупредија програмерите од Сојузен комитет на програмери на Република Македонија.
Како што објаснуваат тие, измамата се состои во тоа што добивате СМС порака со линк кој во голема мера наликува на линкот на официјалната веб-страна на УЈП, каде што навистина постои можност да извршите задолжителна пријава. Официјалната веб-страна на УЈП гласи: ujp.gov.mk, додека, пак, лажниот има цртичка наместо точка: ujp-gov.mk.
Откако ќе ги внесете личните податоци, страницата автоматски се пренасочува кон друга платформа која буквално ви ги краде податоците. Интересно е тоа што, објаснуваат програмерите, лажниот домејн на УЈП е уредно регистриран во МкХост и гласи на име на извесен Јован од населба Аеродром. Секако, појаснуваат познавачите, постои веројатност измамниците да го злоупотребиле лицето Јован и неговите лични податоци со цел да го регистрираат домејнот.
Имамата е сѐ уште активна, но доколку во моментов кликнете на линкот со лажниот домејн на УЈП, ќе ја прочитате следнава порака: