(ВИДЕО) „WORKSHOP“ ОД СВЕТСКИ РАЗМЕРИ Фибула Травел на спектакуларен настан ја најави новата сезона

Конгресната сала во хотелот беше претесна за да ги прими надојдените гости кои со нетрпение очекуваа да видат што за оваа сезона ќе им понуди Фибула, а тие да го понудат на своите клиенти.

1,035

Туристичката агенција Фибула Травел, која е еден од двигателите на туризмот во Македонија, со спектакуларниот „Workshop“ кој минатиот викенд се одржа во Хотел Изгрев во Струга, а на кој присуствуваа партнери, медиуми, јавни личности и хотелиери од Турција и Грција, ја отвори новата летна туристичка сезона 2023.

Учесниците на организираниот настан во саботата беа топло пречекани од вработените во Хотелот Изгрев и можеа да уживаат во прекрасното време на терасата со поглед кон Охридското Езеро додека чекаа да започне официјалниот дел.






Конгресната сала во хотелот беше претесна за да ги прими надојдените гости кои со нетрпение очекуваа да видат што за оваа сезона ќе им понуди Фибула, а тие да го понудат на своите клиенти.

Водителот Ване Маркоски ја отвори презентацијата на која на светско ниво беа претставени најактуелните дестинации за оваа година за што беа најавени чартер летови за Хургада (2 пати неделно), Бодрум (2 пати неделно) и секојдневните летови до Анталија, како и хотели во Грција и крстарења, а дел од официјалниот дел беа и водителите Марко Марк и Андријана Јовановска.

По завршувањето на презентацијата, домаќините од Фибула на хотелиерите од Турција кои присуствуваа на настанот им подели благодарници за нивната соработка и можноста која ја нудат туристите од Македонија да уживаат во нивните хотели.

Благодарници беа доделени и на туристичките агенции од земјава, поточно на вработените кои во изминатата сезона оствариле најмногу продажби, а во соработка со гостите од Турција на најдобрите им беа доделени и патувања, поточно и тие да уживаат во благодатите кои ги нудат ексклузивните хотели.

Туристичките агенции од земјава по завршувањето на презентацијата на новата сезона имаа можност да остварат тет-а-тет средба со 15-тината хотелиери кои беа поканети од страна на Фибула Травел и од нив да слушнат и видат што точно оваа година ќе може да им препорачаат на нивните клиенти кои ќе се одлучат одморот да го поминат во Турција.

По напорниот ден домаќините од Фибула на своите гости им организираа свечена вечера која беше разубавена со жива музика, а по вечерата Елена Петреска, Бока Конга и Александар Тарабунов се погрижија гостите да имаат незаборавна вечер за паметење, каде што беше организирана лотарија и неколку среќници ќе можат да уживаат во својот одмор во некој од луксузните хотели во Турција.

Од туристичката агенција Фибула Травел на своите партнери, како и гостите од Турција им посака успешна сезона со надеж на остварување на подобри резултати од претходната.

Поврзани содржини