(ФОТО+ВИДЕО) УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ПО КРВАВИОТ ИНЦИДЕНТ ВО АТИНА Мајката на убиениот навивач доживеала срцев удар

По тепачката меѓу навивачите на Динамо Загреб кои синоќа нападнаа навивачи на АЕК во Атина, при што еден навивач е убиен, а осум се повредени, грчкиот министер за внатрешни работи Јанис Иконому, денеска суспендира седум високи полициски функционери и почна внатрешна истрага поради доцнењето на полициската интервенција.

2,337

Мајката на навивачот на АЕК кој беше убиен синоќа во крвавиот инцидент во Атина, доживеала срцев удар кога ја слушнала трагичната вест. Таа во тешка состојба е пренесена во болница, а моменталната состојба не е позната, објавија грчките медиуми.






Мајката на починатиот 29-годишниот Михали, навивач на грчкиот клуб не можела да ја поднесе веста за смртта на нејзиниот син и колабирал по срцев удар.

За потсетување, натпреварот од 3.прелиминарното коло од Лигата на шампионите помеѓу АЕК и Динамо, што требаше да се одигра вечерва, е одложен со одлука на Европската фудбалска федерација (УЕФА), објавено е во вторник на официјалната веб-страница на загрепскиот клуб.

По тепачката меѓу навивачите на Динамо Загреб кои синоќа нападнаа навивачи на АЕК во Атина, при што еден навивач е убиен, а осум се повредени, грчкиот министер за внатрешни работи Јанис Иконому, денеска суспендира седум високи полициски функционери и почна внатрешна истрага поради доцнењето на полициската интервенција, објави атинската РТВ СКАИ.

И покрај забраната на УЕФА за пристигнување на навивачи на натпреварот за кој беше програсен висок ризик, од 100 до 120 навивачи на Динамо Загреб се појавија доцна во понеделникот во близина на стадионот на АЕК, соопшти грчката полиција.

Нејасно е како толку голема група навивачи успеала да стигне до Атина, а автомобилите никаде да не бидат запрени од полициски сили кои знаеле за забраната за организирано движење на навивачите кои патувале со клупски знамиња. Се чини дека биле поделени во помали групи и дека некои патувале преку Албанија, а некои со воз, пишуваат грчките медиуми.

Полициските сили за интервенција веќе биле мобилизирани, но пристигнале по ерупцијата на насилство во која еден навивач на АЕК беше избоден со нож и набргу потоа им подлегна на повредите.


Полицијата соопшти дека навивачот на АЕК бил погоден со остар предмет во градите и починал од неконтролирано крварење. Исто така, полицијата соопшти дека во врска со инцидентите се приведени 98 лица, од кои 84 се хрватски државјани, еден Австриец, еден Босанец, еден Албанец, еден Германец и двајца Грци.

Натпреварот од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо кој требаше да се одигра вчера во 20:45 часот, по инцидентот е одложен со одлука на УЕФА.

Поврзани содржини