(ФОТО+ВИДЕО) НЕ МОЖЕ ДА СОКРИЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВА Како реагираше Ирина Шајк на веста дека Бредли е во врска со Џиџи Хадид?

Руската манекенка Ирина Шајк наводно раскинала со американскиот фудбалер Том Брејди, објавија странските медиуми и тоа во екот на новата врска на нејзиниот поранешен.

494

Руската манекенка Ирина Шајк наводно раскинала со американскиот фудбалер Том Брејди, објавија странските медиуми и тоа во екот на новата врска на нејзиниот поранешен.

А, нејзиниот поранешен партнер, актерот Бредли Купер веќе некое време се гледа со манекенката Џиџи Хадид. Парот неколкупати е фотографиран во Њујорк, еднаш за време на романтична прошетка на дожд. Сè уште не е познато колку е сериозна врската на Бредли со Џиџи, а се вели дека е познато како Ирина Шајк се чувствува за тоа.






– Тоа ја изненади – раскажува извор близок до Ирина за „Пејџ сикс“.

 


Анонимно лице блиско до манекенката додава дека Ирина Шајк „не е среќна“ поради љубовта на таткото на нејзината ќерка кон девет години помладата Џиџи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigiyck)


Ирина и Бредли беа заедно од 2015 до 2019 година, а заедно ја добија ќерката Леа де Сена. Тие и по раскинувањето останаа во феноменални односи, па често патуваат како семејство и заедно ги прославуваат празниците.

Ирина и Бредли неодамна беа забележани како заедно со нивната ќерка Леа се шетаат по њујоршките улици.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини