(ФОТО+ВИДЕО) ХОЛИВУДСКАТА АКТЕРКА ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА Ѕвездата на „Беверли Хилс“ е цела во модринки

Тори последен пат е видена во средата, кога снимала, а извори наведуваат дека изгледала целосно гламурозно.

441

Откако светот ја обиколи веста дека Тори Спелинг (50) живее во приколко со своите деца по разделбата со сопругот Дин Мекдермот, актерката сега е фотографирана во загрижувачка состојба пред болницата во Лос Анџелес, каде од непознати причини поминала неколку дена.

Актерката Тори Спелинг (50) ја напушти болницата откако 5 дена беше под надзор на лекари.






Тори последен пат е видена во средата, кога снимала, а извори наведуваат дека изгледала целосно гламурозно, а никому не му е јасно што се случило.

 


Актерката во неделата ја напуштила болницата во инвалидска количка, а пријателката и медицинската сестра ѝ помагале да стигне до нејзиниот автомобил.

Тори не можела сама да стане, па ѝ помогнале, а модринките на рацете и лицето ѝ се многу видливи

Додека заминувала, Тори ја прегрнала медицинската сестра, по што влегла во автомобилот, објави ТМЗ.

Неколку часа пред да биде отпуштена, Спелинг откри дека е во болница откако објави фотографија од болничкиот кревет на која се гледа дека прима инфузија.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини