(ФОТО) ВАКА ИЗГЛЕДА ДА ИСТРАЖУВАШ ПРОТИВ КАДИРОВ? Новинарка брутално претепана во Чеченија

Кога мајката на трите деца, на чие судење требало да пристигне новинарката, лани беше приведена од чеченските безбедносни службеници на 1.800 километри северно од Грозни, Кадиров рече дека целото семејство треба да биде или „во затвор или под земја“.

1,542

Брутално претепана, удирана со пластични цевки и полевана со зелена боја била истражувачката новинарка Елена Милашина. Таа била нападната од маскирани лица само неколку минути откако слетала во руската република Чеченија. Таа изгубила неколку прсти и ѝ била избричена главата, пишува Би-Би-Си.

Милашина и претходно добивала смртни заани и тоа лично од Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, чии војници се борат во војната во Украина.






Новинарката слетала во Чеченија за да присуствува на судењето на една мајка чии три деца биле во егзил. На тој ден требало да биде изречена пресудата. Мајката била гласен критичар на Кадиров и осудена на пет години поради наводен напад на полицаец за кој судот вели дека бил политички мотивиран.

Новинарката Јелена патувала со адвокатот на мајката, Александар Немов, кој исто така бил ранет од лицата со маски. Ги имало најмалку десетмина. Тие се појавиле од три автомобили во близина на аеродромот.

Според Јелена, тие потоа биле одвлечени во провалија, а мажите почнале да ги тепаат со пластични цевки од полипропилен, барајќи од Јеена и Александар да ги отклучат мобилните телефони. Но, нејзината лозинка била премногу комплицирана.

– Тие не (ја) разбраа (лозинката), а додека сфатија, веќе ме избричија и ми истурија зелена боја и не видов ништо – раскажува таа.

Иако бојата се користи како антисептик, таа била користена и во претходните напади врз дисидентите во Русија, вклучувајќи го и Алексеј Навални.

Кога мајката на децата, по име Зарема Мусаева (53) лани беше приведена од чеченските безбедносни службеници на 1.800 километри северно од Грозни, Кадиров рече дека целото семејство треба да биде или „во затвор или под земја“.

Сите три сина на Мусаева избегаа од Чеченија откако на интернет проговорија за кршењето на човековите права од страна на чеченскиот лидер. Нејзиниот сопруг, поранешен судија, во еден момент бил приведен, но побегнал.

Чеченија е раководена од Рамзан Кадиров од 2007 година. Верниот сојузник на Владимир Путин и навивачка за војната во Украина, тој е широко обвинет дека наредил вонсудски убиства, киднапирања и мачење дома.

Путин му го врачи претседателството на јужната руска република три години откако неговиот татко беше убиен како претседател во 2004 година.

Се смета дека Кардиров е поврзан и со убиството на рускиот опозициски лидер Борис Немцов.

Поврзани содржини