(ФОТО) „УШТЕ КАРЛЕУША И ТИТУЛАТА Е НАША“! Холандскиот фудбалер Северина потпиша за Партизан и стана хит поради презимето

Веднаш по објавата дека Северина доаѓа во Партизан и дека ќе остане во белградскиот клуб три години, на социјалните мрежи се појавија десетици досетливи коментари.

729

Белградски Партизан има нов фудбалер од Холандија. И тоа немаше да биде некоја важна вест доколку фудбалерот не се викаше Ксандер Давид Северина.

Холандскиот фудбалер токму поради презимето кое е исто како името на познатата хрватска пејачка Северина, брзо стана хит на Балканот.






Веднаш по објавата дека Северина доаѓа во Партизан и дека ќе остане во белградскиот клуб три години, на социјалните мрежи се појавија десетици досетливи коментари.

„Донесете ни ја и Јелена Розга“, „Уште Карлеуш и тутулата е наша“, „Нова химна гас, гас“, се само дел од шеговитете коментари.

Инаку, станува збор за лево крило кое има еден настап за Курасао, најголемиот остров во Карипското Море. Северина има и холандски пасош, а минатата сезона настапуваше за холандскиот АДО Ден Хаг. Од 2021 година, тој постигна осум гола и имаше 12 асистенции во 62 настапи за тој клуб. Телеграф тврди дека Северина имал голем број понуди од други европски клубови, но на крајот решил да оди во Белград.

 

Поврзани содржини